ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Духовниот аспект на рамазанскиот пост

Правилото дека во текот на месецот Рамазан не треба да се оди на училиште, на работа или да не се извршуваат секојдневните обврски е спротивен на рамазанските правила кои бараат активност, а не мрзеливост. Ова го изјави теологот Хасан Бафтијари во интервју за Алсат, апелирајќи да не се оправдува мрзеливоста со пост.

Advertisements

„Месецот Рамазан не е месец на мрзеливост, тој е месец на активност, треба да бидеме активно општество и не треба да ја оправдуваме нашата мрзеливост, да не се оправдуваме да не одиме на училиште, на работа или да ги ограничиме нештата за Рамазан, бидејќи Рамазан не ги бара овие работи. За време на Рамазан треба да бидете активни. Никогаш не треба да го користиме постот како изговор да ја оставиме нашата работа зад себе, особено образованието“, вели Бафтијари.

Теологот Бафтијари го коментираше и феноменот на нарушување на јавниот ред и мир, нервоза, но и хаос во сообраќајот што, според него, не треба да се случува бидејќи постот бара дисциплина.

„Рамазан треба да те промени, да те изгради, ако не те изгради, тогаш џабе седиш без леб и вода. Ако викате на улица, пцуете или употребувате валкани зборови, немате дисциплина. Тој карамбол неколку минути пред ифтар е нешто за што треба да се жали бидејќи сите тие предавања, сите тие лекции, сите тие пораки, без разлика дали во медиумите, на социјалните мрежи или во џамија, сите ја даваат оваа порака за дисциплина, но има нешто што не е во ред, што нема ефект“, додава Бафтијари.

Бафтијари, апелираше на повеќе трпение и разбирање во овој свет месец.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button