МАКЕДОНИЈА

ДУИ бара компелтно затворање на казината

Европскиот фронт бара затворање на казината. Коалицијата која во февруари годинава се обиде да го регулира Законот за коцкање со отстранување на казината од училиштата и градинките, сега бара нивно целосно затворање. Ја повикуваат коалицијата ВЛЕН да го одржи ветувањето за затворање на казината.

Advertisements

„Сите субјекти се обврзаа на такво нешто. Ги имате изјавите со глас и слика на Изет Меџити и Арбен Таравари за целосно затворање на казина, без разлика дали се онлајн или во објекти“, рече Блерим Беџети, пратеник на Европскиот фронт.

Покрај казината, предлогот предвидува и затворање на онлајн коцкањето.

„Предлог-законот предвидува затворање на сите форми на казина, без разлика дали се со физичко присуство или онлајн игри“, рече Елми Азири, пратеник на Европскиот фронт.

Предлогот за автентично толкување на Законот за коцкање од страна на коалицијата ВЛЕН предвидува изнаоѓање можност за затворање на коцкањето преку Интернет и оценување на законитоста на одлуките донесени за организирање на различни видови на коцкање.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button