ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ДУИ: Давкова го поткопува мултиетничкиот карактер на државата

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше на изјавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, според која нема потреба од предвремени избори ако Владата има 61 пратеник, дури и доколку албански пратеници ја напуштат коалицијата.
Според ДУИ, со тоа таа ја занемарува етничката рамнотежа и се позиционира на страна на Владата, што ја поткопува нејзината улога како обединувач.
Интегративците ја обвинија дека станала „гласноговорничка на едноетничката доминација“, а не чувар на соживот и консензус.
Сиљановска Давкова, пак, останува на ставот дека институциите функционираат и оти нема основа за распуштање на Парламентот.