ДУИ: Екстремно деградирање се случува во безбедносната и одбранбената сфера
ДУИ: Екстремно деградирање се случува во безбедносната и одбранбената сфера

Демократската унија за интеграција изрази загриженост за, како што велат, деградацијата на Албанците во безбедносните институции. Од ДУИ обвинуваат дека во МВР и во Армијата се врши етничко чистење и деградирање на албанскиот кадар. Дополнително, тврдат дека постојано се врши притисок врз вработените да потпишат изјава дека доброволно се откажуваат од раководното работно место.
“Во овој период во МВР се случуваше етничко чистење и деградација на албанскиот кадар, како што беше случајот со началникот за истражување во МВР, помошникот министер за административни работи, помошникот директор во Секторот за униформирана полиција, началникот на меѓународни истраги (Интерпол), началникот на Секторот за внатрешни работи во Струга, началникот на единицата за трговија со оружје, командирот во Полициската станица во Гостивар, командирот во Полициската станица Битпазар во Скопје, но и значителен број на високи инспектори во Секторот за организиран криминал и крим-полиција”, рече Валдет Џафери – ДУИ.