ДУИ го одбележа 23-годишниот јубилеј со барање за предвремени парламентарни избори
ДУИ го одбележа 23-годишниот јубилеј со барање за предвремени парламентарни избори

ДУИ 23-годишнината од основањето ја прослави во паркот во Чаир, бастион на партијата на Али Ахмети цели 22 години. На прославата отсуствуваа неколку поранешни функционери кои моментално се наоѓаат во бегство или во домашен притвор.
Во присуство на стотици поддржувачи, Ахмети упати повик до Владата да не ја обвинува ДУИ за криминал и корупција, туку да спроведе ветинг. Тој го поздрави заминувањето на Таравари од Владата, а во име на Европскиот фронт изјави дека се за за предвремени парламентарни избори во октомври, заедно со локалните.
„Политичките партии во фронтот дејствуваат и се координираат. Како што реков и претходно, сме во контакт со конструктивните политички сили во земјата и сметаме дека на локалните избори ќе бидеме силен фронт во остварувањето на нашите цели и намери за успешно управување со општините, но истовремено сме цврсто определени заедно со локалните избори да се одржат и предвремените парламентарни избори“, рече Али Ахмети – Претседател на ДУИ.
Веднаш по завршувањето на собирот, стигна пораката од вицепремиерот Изет Меџити. „Чаир ти ги изгаси светлата“, напиша Меџити, испраќајќи му порака на Ахмети за политичката важност на Чаир. Како што не успеа вечерва, нема да успееш ни во октомври, напиша Меџити.
„Чаир ти ги изгаси светлата! Ако некој сè уште има дилеми за политичката важност на Чаир, нека го праша Али Ахмети! Вечерва во Чаир не успеаја, како што не успеаја пред една година, и како што нема дда успеат во октомври. Затоа што Чаир не простува, Чаир не заборава. Вечерва Чаирци им дадоа повеќе од заслужен одговор на сите оние што ги навредуваат секојдневно во медиумите: Чаир ти ги изгаси светлата! Вака ти се претвара роденденската прослава во темнина. Можеби е подобро така, да продолжиш да славиш со илузијата дека си непобедлив ураган, а всушност остана со малку луѓе поврзани од интерес или страв од правдата“, напиша, меѓу другото, Меџити.
Пред локалните избори во октомври, за разлика од ВЛЕН кои потврдија заедничко учество како политички субјект на изборите, кај опозицискиот албански блок сè уште не е јасно како ќе се распределат општините меѓу партиите учесници во фронтот. Имено, претседателот на АА, Зијадин Села, му соопшти на Ахмети дека доколку не му се додели Струга на АА, тогаш нивното учество во фронтот нема да има смисла./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу