„ДУИ и АА ги заборавија Албанците кои не можат да добијат државјанства“

Европскиот сојуз за промени ја критикува Владата дека манипулира со чувствата на граѓаните само заради гласови. По свеченоста вчера, на која премиерот Ковачевски, министерот за правда и неколку пратеници учествуваа во делењето на уверенија за граѓани кои досега не беа евидентирани во матичната книга, албанската опозиција тоа го оценува како голем античовечки чин. Од Сојузот посочуваат дека ДУИ и Алијанса забораваат дека многу Албанци не можат да добијат државјанство, како што велат до оваа коалиција, само поради тоа што се Албанци.
„Толку многу излегле од контрола што се подготвени да си поигруваат со чувствата на граѓаните кои беа угнетувани три децении. Оваа манипулација е само за да се освои некој глас за СДСМ и не само СДСМ, туку и Алијанса за Албанците и ДУИ. Поголем античовечки чин досега не се памети. И додека ги манипулираат овие граѓани кои ги угнетуваа три децении, ДУИ и АА ги заборавија сите оние граѓани кои не можат да добијат државјанство само затоа што се Албанци, а Владата ги смета за опасни“, рече Астрит Илази, Европски сојуз за промени.