ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„ДУИ и Артан Груби, Визбегово го трансформираат во Лас Вегас“

Албанскиот опозициски фронт го обвинува првиот вицепремиер Артан Груби, дека зоната во Визбегово ја претворил во скопски Лас Вегас. Според Демократското движење, Беса и Алтернатива, оваа зона Артан Груби ја претвора во центар за валкани бизниси, бидејќи според нив, наскоро се очекува Лотаријата, која, според нив, ја водат луѓе блиски до Груби, наскоро ќе биде преместена во Визбегово, и за таа цел од државниот буџет се издвоени 2,6 милиони евра.

„Лотаријата на Северна Македонија потпиша договор за користење на просторот токму тука во зоната Визбегово каде што сме денеска и тука во овој дел на градот ќе работи во наредните 10 години. За таа цел од буџетот се веќе издвоени 2,6 милиони евра. Всушност, зградата и просторот околу неа во април годинава ја купи компанијата „Хеј дооел“, основана во февруари годинава на чело со Армин Машовиќ, поранешен партнер на Ерџан Сулкоски во „Пацифик Петролеум“ за кого медиумите информираа дека е близок со семејството на Али Ахмети. Значи, Лотаријата на Северна Македонија ќе биде позиционирана покрај патот Скопје-Блаце, каде што веќе функционираат неколку казина, чиј број од ден на ден се зголемува. Индустриската зона Визбегово најверојатно ќе се трансформира во Лас Вегас, а овој план го спроведуваат Артан Груби и ДУИ“, вели Висар Ганиу, Опозициски фронт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button