ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ и СДСМ против укинување на Техничката влада

ДУИ се противи на укинување на техничката влада како што бара ВМРО-ДПМНЕ. Според потпретседателот на партијата Бујар Османи, македонската опозиција инсистира на тоа бидејќи е против премиер Албанец. Османи не сакаше да го открие името на нивниот кандидат. Ќе го објавеле на почетокот на декември, а следниот месец и лидерите на политичките партии ќе седнат за да се договорат за датумот на изборите.

„Мислам дека ваквиот став на Мицкоски има само една цел, да ја продолжи кампањата само на неколку теми, албанофобија, еврофобија, бугарофобија итн. Затоа што мислат дека нема да влеземе во конкуренција на здравствени програми, социјални програми, корупција итн. И некој ги посоветува дека ако останеш на овие теми, зборуваш против Албанците, не можеш да бидеш премиер Албанец, да зборуваш против Бугарите, да зборуваш против ЕУ, а некаде во некои говори почнале и против САД, а тоа не е против техничката влада поради министрите или замениците-министри, туку против премиер Албанец“, вели Османи.

Вчера ВМРО побара да се укине Техничката влада со образложение дека ДУИ нема кредибилитет да назначува премиер поради многуте коруптивни афери за партијата. Од СДСМ пак, велат дека може да се разговара за укинување на ваквата влада, но не сега.

Досега ВМРО и СДСМ назначуваа технички премиери. Првиот пат тоа беше Емил Димитриев, а за следните избори Оливер Спасовски. Сега врз основа на договорот на Али Ахмети и Зоран Заев за формирање на актуелната влада, премиерот чиј мандат ќе биде 100 дена ѝ е ветен на ДУИ.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button