„ДУИ и СДСМ се спремаат за комотна опозиција преку измените во КЗ“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи ги измените на Кривичниот законик, кажа дека тие се усвоени со злоупотреба на европското знаменце и според него, залудни се обидите на власта да избегне одговорност за криминалот. Мицкоски вели дека постојат и десетици други членови на Кривичниот законик, преку кои политичарите од власта нема да можат да избегнат да се соочат со казна.
„Јавноста нека оцени. Ако не е тешко дело перење на пари, уцена итн., има неколку дела кои се директно афектирани од страна на овие измени во Кривичниот законик, ако не се тешки дела тогаш навистина не знам што се тешки дела. Јасно е дека тој и пратениците на СДСМ заедно со ДУИ и пратениците од ДУИ и останатите се спремаат за опозиција и на ваков начин сакаат да си обезбедат покомотна положба“, рече Мицкоски.