МАКЕДОНИЈА
ДУИ инсистира на вклученост на меѓународен фактор во истрагата за трагедијата во Кочани

Демократската унија за интеграција и понатаму инсистира на вклученост на меѓународниот фактор во истрагата за трагедијата во Кочани каде животот го загубија 59 лица, а според нив, Обвинителството води селективна истрага по партиски директиви. Интегративците испратија формално писмо до четирите клучни инструменти на Советот на Европа, повикувајќи на независна експертска мисија за проценка на независноста на истрагата. Понатаму, потребно е да се иницира расправа во Парламентарното собрание на Советот на Европа, мислењето на Венецијанската комисија за влијанието врз Обвинителството и посветеноста на ГРЕКО за истражување на политичкото влијание врз одлуките на Обвинителството.