ДУИ: Изет Меџити останува без надлежности во Министерството за животна средина по обвинувањата за корупција и уцена
ДУИ: Изет Меџити останува без надлежности во Министерството за животна средина по обвинувањата за корупција и уцена

Од Демократската унија за интеграција тврди дека на Изет Меџити му се одземени надлежностите во Министерството за животна средина, поради, како што велат, наводите за корупција и уцени. Од таму велат дека по извршената проверка од страна на Инспекторатот за администрација, каде според нив, била констатирана злоупотреба на службената должност од страна на Меџити и неговиот персонал, надлежностите на Меџити се префрлаат на Дирекцијата за животна средина, која е предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со оваа одлука, новиот директор е задолжен да не испраќа на потпис во кабинетот на Меџити ниту еден документ од клучните сектори на министерството, вклучувајќи го Секторот за природа, води, отпад, животна средина и индустриско загадување. Овие сектори сочинуваат над 70% од надлежностите на Министерството за животна средина, што го прави овој потег невиден преседан. Оваа мерка е донесена како резултат на бројни поплаки и пријави од граѓани и компании кои биле условувани од кабинетот на Меџити да даваат мито во замена за административни услуги„, велат од ДУИ.
Од Министерството за јавна администрација пак велат ДУИ шири лаги и ја дезинформира јавноста дека му се одземени надлежностите на Меџити.
Министерството за животна средина го демантира тоа. Оттаму велат дека Меџити, ДД и коалицијата ВРЕДИ ги имаат сите надлежности од граѓаните, Законот и Уставот. Визарт
„Очигледно е дека ДУИ, соочена со губење на влијанието и привилегиите што си ги создаде врз грбот на граѓаните, сега посегнува по очајни методи на политички спинови. Наместо да одговорат за сопствените злоупотреби и партизација на институциите, се обидуваат да ја префрлат вината врз оние што вистински работат на градење транспарентна и професионална администрација“, велат од Министерство за Животна Средина и Просторно планирање.
Од Министерството на Меџити велат дека мандатот ќе го продолжат со санирање на погрешните 22-годишни политики на ДУИ./Алсат.мк
Ајнур Бафќари