ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ му ги одбројува месеците на Ковачевски – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Изјавата на првиот вицепремиер Артан Груби во која тој вели дека земјава наскоро ќе го добие првиот премиер Албанец, а оти со тоа е согласен и премиерот Димитар Ковачевски, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е потврда дека ДУИ му ги одбројува месеците на премиерот на оваа функција.

Advertisements

Од партијата додаваат дека изјавата на Груби е и потврда оти на Ковачевски сите, па дури и неговите владини парнери, во него гледаат како на привремен, нелегитимен премиер кој е без авторитет во јавноста и меѓу министрите.

„Ова е потврда и дека Ковачевски ја доби фотелјата на подарок, а сега ја чува за Артан Груби. Дали Груби ќе биде премиер не знаеме, но знаеме дека Груби ги исполнува двата услови за наследник на Ковачевски. Првиот е да е еклатантно неспособен, а вториот – да е доволно криминален, за да биде достоен наследник на Ковачевски“, кажа портпаролот на опозициската партија Наум Стоилковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button