ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ нема да гласа за интерпелацијата на Гаши

Ќе дебатираме за интерпелацијата и ќе ги кажеме сите недоследности и забелешки за работењето на Гаши како претседател на Собранието, но од принципиелни причини нема да гласаме за негово разрешување, изјави Блерим Беџети од ДУИ пред почетокот на денешната собраниска седница.

Advertisements

Според Беџети, Гаши треба да им се извини на Албанците без разлика на нивната политичка провиниенција и да се повлече не само од претседател на Собранието, туку и од политичката сцена.

-По вчерашното интервју што кратко успеав да го следам, тој мислам дека треба да им се извини на Албанците без разлика на политичката провиниенција и не само од претседател на Собранието, туку треба да се повлече и од политичката сцена зашто такви гафови не се прават случајно. Изгледа вазалството оди до крајности и не сметаме дека е потребно веќе да дебатираме на таа тема, нагласи Беџети.

Според Илире Даути, Европскиот фронт нема намера да биде дел од сценаријата на ВМРО- ДПМНЕ и Левица и нема да гласа за интерпелацијата на Гаши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button