ДУИ: Нема решение за статусот на поранешната ОВК

Не се очекува законско решение за статусот на поранешната ОВК. Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети, во емисијата 200 во Алсат рече дека ДУИ нема поднесено законска иницијатива до Собранието бидејќи нема поддршка од македонските партии.
„Имало обид и порано, но ги знаеме околностите како функционира Собранието и доколку јас поднесам таков закон врз основа на констелација на сили што се денес во Собранието, тој закон веднаш ќе биде блокиран со амандмани и би било невозможно да се донесе таков закон и тој би станал само елемент за создавање судири, дебати кои се непријатни и неплодни“, вели Ахмети.
Прашање: Дали сега е време да се предложи ваков закон?
„Треба да се анализира во органите, во ресорите, да се види важноста и моментот за да помине“, додава Ахмети.