МАКЕДОНИЈА

ДУИ обвини дека истрагата за Кочани е селективна и насочена кон албанскиот народ

Најголема карикатура на заробената држава – ваква квалификација даде опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) на вчерашната прес-конференција на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на која беа изнесени детали за проширената истрага за случајот со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.

ДУИ обвини дека истрагата за трагедијата е селективна, еднострана и таргетирана кон албанскиот народ.

Advertisements

„Наместо вистинска правда за трагедијата во Кочани, пред јавноста се демонстрира трговија со влијание – еден вид трансакциска заштита меѓу главниот виновник, министерот Тошковски, и обвинител кој се наоѓа под политички притисок, со функција што зависи од волјата на премиерот. Вистинската правда не смее да се крие зад селективни истраги и медиумски перформанси. Јавноста со право бара одговорноста за ужасната трагедија во Кочани да се утврди точно и правично. Она што ни се прикажува не е правда – туку институционален агресивен напад, еднострано насочен кон албанскиот народ во оваа држава“, наведуваат од ДУИ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button