ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ обвинува дека Биљал Касами „се кити со пердувите“ на Теута Арифи

ДУИ обвинува дека Биљал Касами „се кити со пердувите“ на Теута Арифи

Од ДУИ од Тетово ги обвинија челниците на општината дека се китат со капитални проекти кои, според оваа партија, почнале во претходниот состав на општината, кога се обезбедувале и пари преку Светската банка. ДУИ го обвинува градоначалниот Касами дека наместо да се занимава со конкретни идеи, парично ги дере граѓаните.

Advertisements

„Биљал Касами наместо да се занимава со конкретни проекти и идеи за подобрување на животот на граѓаните, тој деновиве ги пречекува нашите печалбари со два пајаци, кои никако немаат задача да го регулираат сообраќајот во градот, туку едноставно да ги дерат граѓаните преку сомнителни договори со приватни оператори“, изјави Фатон Амети, ДУИ.

Општина Тетово ги отфрла обвинувањата. Велат дека сите проекти започнати од минатиот мандат пропаднале и останале на половина. Најавија објавување документи за неуспесите на претходната градоначалничка Теута Арифи, која ја обвинуваат дека ја оставила општината со повеќе од 24 милиони евра долгови.

„Средствата што ТАВ Македонија ги обезбеди за Благоја Тоска, како и речното шеталиште, претходниот состав на општината ги загуби, не успевајќи да го заврши проектот навреме. И улицата Страшо Пинџур беше започната со многу пропусти, се предвидуваше само слој асфалт и ништо повеќе. Овие работи општина Тетово ги проектираше од почеток…“, рекоа од Општина Тетово./Alsat.mk

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button