МАКЕДОНИЈА

ДУИ од Чаир и Сарај со директорски места кај Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје ги именуваше новите директори на јавните претпријатија, по разрешувањата и оставките на досегашните кадри од ВМРО-ДПМНЕ. За директор на „Улици и патишта“, Арсовска го именуваше Саид Саиди, член на огранокот на ДУИ во Чаир, директор на „Паркови и зеленило“ ќе биде Зухејр Реџепи, член на огранокот на ДУИ во Сарај. Директор на „Дрисла“ ќе биде Александар Кузинаков, а со центарот за згрижување кучиња Лајка ќе раководи Радмила Пешева.

Advertisements

Извори на Алсат велат дека не станува збор за коалиција или договор меѓу ДУИ и Арсовска, туку за директна соработка со двајцата градоначалници на Чаир и Сарај, Висар Ганиу и Блерим Беџети. Во Советот на Скопје ДУИ има 5 советници. Од Градот истакнаа дека новите директори имаат должност во наредните 6 месеци да ги консолидираат јавните претпријатија во однос на економската и енергетската криза. Ќе треба да се кратат непродуктивните трошоци и да се справат со лицата кои не одат на работа или не ги извршуваат работните обврски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button