ДУИ одбројува до сабота, еве што ќе се случува…

Уште три дена од собирот на Генералниот совет на ДУИ, по договорот постигнат на 4 октомври на средбата на таканаречената „Огнена група“, со првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Групата составена од Изет Меџити, Блерим Беџети, Невзат Бејта и Муса Џафери и уште 20-тина потписници кои стоеја зад првичното писмо упатено до првиот човек на ДУИ, со барање за формирање партиски тела, очекуваат дека во сабота сите очекувања ќе бидат третирани. Станува збор за состанокот на Генералниот совет на партијата, предлогот за именување на широко и тесно претседателство, а веднаш потоа, истиот ден, проширеното или централно претседателство, од 33 члена, да се повлече во канцелариите на ДУИ со точка на дневниот ред, иницирање одговорност на извршната власт, на чело со вицепремиерот Артан Груби.
Со отчетот, таканаречената „Огнена група“ го добива не само своето барање за формирање на слободни партиски тела кои не се формирани речиси 3 години, туку и враќањето на внатрепартиската дебата за што директно го обвинија лидерот на партијата и вицепремиерот Груби, организациониот секретар на партијата. Високите претставници на партијата, како потпретседателите Меџити и Бејта и други, го кренаа својот глас дека се тргнати настрана од важните партиски теми, како што се отчетот, извештајот на Заводот за статистика, економската криза во албанските региони, последните локални избори и многу други теми. Од ДУИ засега не се огласија, но неофицијално, вицепремиерот Груби преку соопштение на членовите на Советот силно им го нагласил дневниот ред , каде нема ниту „о“ од евентуално давање отчет на членовите на Владата.
Соопштение од Артан Груби:
Почитувани членови на Генералниот совет,
Претседателот Ахмети, ве поканува на состанокот на Генералниот совет на ДУИ во врска со: Конституирањето на Претседателството на Генералниот совет, избор на Надзорен совет на Генералниот совет, распишување на избори во ограноците на младинскиот форум и во младинскиот форум, како и во локалните совети и ограноци на ДУИ.“
Средбите се во сабота од 13 часот во Тетово, во ресторан АРА.
Според последниот договор со првиот човек на партијата, формирањето и работењето на органите ќе доведе до идни политички анализи и одлуки, вклучително и за иднината на владиниот кабинет на чело со Груби. Вицепремиерот беше во фокусот на писмото од 25 септември за кадровските избори, како негова привилегија; и за арогантното и дилетантско однесување со партиските структури, што предизвикало пасивност и револт.
Барањата одеа директно до првиот човек на партијата, за остварување на неговиот политички и статутарен авторитет за враќање на единството во ДУИ. Со формирањето на телата се очекуваат промени и во Централното претседателство кое брои 33 члена, како и на тесното од 4 потпретседатели, двајца секретари и портпарол. Исто така, се очекува Надзорниот совет на Генералниот совет да има посебна улога во организацијата и функционирањето на партијата.
Алсат