ДУИ: Опозицијата подготвува руско сценарио по 8 мај
ДУИ: Опозицијата подготвува руско сценарио по 8 мај

ДУИ е загрижена за можните сценарија на опозицискиот блок кои, според нив, би можеле да предизвикаат политички немири по 8 мај.
„Демократската унија за интеграција со голема загриженост ги следи обвинувањата, клеветите и навредите што опозицијата ги упатува кон претседателскиот кандидат Бујар Османи, како и кон премиерот Талат Џафери, истовремено алармирајќи за руско сценарио насочено кон политички немири по 8 мај“, велат од Демократска унија за интеграција.
Но, техничкиот премиер, Талат Џафери, не е загрижен. Џафери ја демантира ДУИ, наведувајќи дека на последниот состанок на Координативниот совет за безбедност немало дискусија за такво нешто.
„Во моментов нема такви податоци. Тие известуваа за својата работа до надлежните институции, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и посебниот безбедносен сектор во Министерството за одбрана. Во моментов нема податоци. Но, постои тенденција за хибридни активности и тоа треба да ги поттикне институциите да преземат превентивни мерки“, нагласи Талат Џафери, технички премиер.
Албанската опозиција смета дека обвинувањата на ДУИ се лицемерни. Според шефот на АА, Арбен Таравари, ДУИ е единствената албанска партија која има врски со рускиот сателит на Балканот.
„Ова се смешни обвинувања и на ДУИ не и личи да го кажува ова. Ако некоја албанска партија има блискост со Србија, тоа е ДУИ. Србија е претставник на Русија на Балканот. Ова се неосновани обвинувања. Луѓето не можат да направат ништо кога немаат моќ. Ако некој е загрижен и нервозен во овој момент, мислам дека повеќе од ДУИ нема никој“, иазјави Арбен Таравари, претседател на АА.
На последниот состанок на Националниот совет за безбедност, барем јавно, не беа објавени заклучоци кои укажуваат на опасни сценарија мотивирани од Русија по изборите во април и мај./Алсат.мк
Адриан Керими