ДУИ потпиша изјава за ветинг во партијата врз основа на антикорупциската стратегија на САД

Опозициската ДУИ на чело со Али Ахмети вчера потпиша соопштение согласно антикорупциската стратегија на САД, што според партијата е заложба во рамките на ветувањето за ветинг во партијата. ДУИ, според официјалното соопштение, има за цел да го спречи незаконското финансирање, да бара одговорност од корумпираните функционери, да ја зголеми одговорноста во институциите, но и да ги поддржи мерките за истрага на корумпирани партиски функционери и јавни функционери во странство.
„Лидерот Али Ахмети, на состанокот на Генералниот совет, највисокото партиско тело меѓу конгресите, денеска ја објави својата непоколеблива посветеност на реформите на партијата, нагласувајќи ја важноста од транспарентност, отчетност и интегритет во нејзините редови“, велат од ДУИ.
Додека ДУИ потпишува антикорупциски декларации, премиерот Христијан Мицкоски ја нарекува партија на тендери. За обвинувањата на ДУИ за омаловажување на Албанците, Мицкоски вели дека во годините кога биле на власт молчеа.
Телевизијата Алсат претходно постави десет прашања до ДУИ во врска со најавениот процес на ветинг, но од таму не одговорија. Ахмети со години бара ветинг на функционерите, но за време на неговото 22-годишно владеење не спроведе таков процес. Во последните две години, двајца високи партиски функционери на ДУИ се најдоа на црната листа на САД, особено за корупција. Поточно, Рамиз Мерко и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, за кој дури во официјалното американско соопштение се вели дека примил поткуп за да го спаси од затвор поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Груби е во бегство по обвиненија за корупција, додека Мерко се соочува со неколку обвиненија за злоупотреба на службената положба.
Суад Бајрами