
Додека ДУИ продолжува да биде чувар на јазикот од уставните судии, потсетуваме дека додека беше на власт, ДУИ со сите сили се обидуваше да им наметне на Албанците промена на грбот на Македонија, според желбите на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски. Новиот грб требаше да биде жолт лав дигнат на две нозе, кој е идентичен со логото на ВМРО. Ова не беше проблем за партијата на Али Ахмети, која дури тврдеше дека лавот е и албански симбол и се користи од страна на Општина Драч.
„Според податоците што ги имаме како Министерство, има елементи поврзани со културите на сите граѓани во Република Македонија. Елементите кои, на некој начин, ги обединуваат културите и од историски аспект. Содржината на грбот ги симболизира, ги одразува елементите кои во историска смисла биле присутни во многу феудални албански градови“, речеше Аднан Јашари, министер за правда во 2014.
Сепак, историчарите го негираа ова, бидејќи животинските симболи на локално ниво се користени и од други градови како Поградец кои ја користеле змијата. Но, тоа не значи дека е национален симбол. Покрај тоа, грбот не го одразуваше мултиетничкиот карактер на државата.
„Не сум сретнал никакви декоративни елементи со фигурата на лавот. Значи, сите облеки и на мажите и на жените имаат украси, но лавот во која било облека околу 1200 или 1300 парчиња народна носија немало. Не е исклучено дека дури и меѓу двајцата или тројцата албански кнезови постоел елементот, односно го користеле лавот, но тој бил со локален карактер, а не генерално”, велеше Неби Дервиши, историчар.
„Јас, како историчар, не гледам никаков албански елемент во тој грб и лавот. Иако некогаш илирските племиња го користеле лавот, денес немаме ништо заедничко со лавот, особено по Скендербеговите војни “, велеше Веби Џемаили, историчар.
Каков беше ставот на граѓаните, по прашањето на грбот, можеби оваа изјава на еден граѓанин во текот на 2014 година, најдобро го покажува тоа.
„Мислам дека е малку, треба да го стават и крстот и ќе се комплетира. Секој грб кој не ја претставува мултинационалноста во Македонија е бескорисен. Тие можат да носат какви сакаат грбови, но ние како заедница нема да ги прифатиме. Ќе ги игнорираме во секое време“, рече еден граѓанин./Алсат.мк
Суад Бајрами