ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ само ветувања но ниту едно исполнето

ДУИ само ветувања но ниту едно исполнето

И покрај тоа што никогаш не презеде одговорност за манипулациите со Балансерот, ДУИ и вети на јавноста преку изборната програма „Време е за првиот премиер Албанец“ дека конечно ќе најде законско решение за соодветно етничко вработување. Всушност, оваа точка беше меѓу петте главни проекти, доколку Насер Зибери станеше првиот албански премиер.

Advertisements

ДУИ планираше ова да го постигне преку воведување на графа за етничка припадност при издавање на уверенија за државјанство, како и преку измена на три закони.

Правична и соодветна застапеност во администрацијата и раководните структури.

Измена на Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор;

Измени и дополнувања на Законот за матична евиденција

Со измената и дополнувањето на Законот за матична евиденција ќе се овозможи прецизно определување на етничката припадност. Со оваа промена ќе се спречи злоупотребата на етничката припадност при процесот на пријавување на конкурси и за работни места кои се наменети за различни етнички заедници.

Сепак, од 2020 до 2024 година, иако не го доби својот премиер, ДУИ остана на власт и не реализира ниту една буква од овие ветувања.

Во духот на идејата за етничка графа, тогашниот министер за правда Логa, како дел од коалицијата, потпиша интерно упатство за определување на етничка припадност во документите за матична состојба, кое во февруари 2024 година – кога ДУИ сè уште беше на власт – беше поништено од Уставниот суд со образложение дека изјаснувањето за национална припадност не е обврска, туку право. ДУИ исто така го прифати укинувањето на Балансерот и неговото унапредување во програмата на Европскиот фронт:

„…ќе продолжи и ќе се унапреди практиката на вработување преку употреба на законскиот механизам Балансер. Овој чекор има за цел да го охрабри диверзитетот и да обезбеди поправична и соодветна застапеност на сите заедници во администрацијата.“

Овие факти укажуваат дека Балансерот одамна бил препознаен како нефункционален, но наместо да се предложи нов закон, ДУИ се обидуваше повторно да го задржи во живот – на штаки./Алсат.мк

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button