ДУИ „со двете раце“ ќе гласа за овој градоначалник

Лидерот на СДСМ ја потврди поддршката на коалициските партии за вториот круг од изборите. Тој рече дека со поддршка на партнерите се потврдува стабилноста на парламентарното мнозинство. Истовремено, Заев побара поддршка за Петре Шилегов во Скопје, бидејќи вели дека тоа е единствениот начин да не се оди назад.
Претходно денеска ДУИ ја потврди непоколебливата поддршка за коалициската партија. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи рече дека поддршката за Шилегов значи понатамошен развој на Скопје.
„Ги повикувам сите Албанци, без разлика на партиската припадност, да му дадат доверба на актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, што ќе биде најголема гаранција за продолжување на проектите во средините каде што живеат Албанци.“
Од друга страна, останатите помали партии од коалицијата се одзваа на повикот на Заев, кој ден претходно преку писмо побара потврда за нивната поддршка во вториот изборен круг во сите општини. Партијата на пензионерите ги повикува своите членови да гласаат за кандидатите на СДСМ, исто како и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.
Но, ЛДП и ДОМ, кои учествуваа заедно на локалните избори, нема да ги повикаат своите гласачи да ги поддржат кандидатите на СДСМ.
Коалиционите партнери тврдат дека сегашното мнозинство е стабилно, а тврдењата за ново мнозинство ги сметаат за лажни.
Mefail Ismaili