МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Со заминувањето на уште еден албански партнер мнозинството се претвора во моноетничка влада

Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ја нарушува функционалноста на меѓуетничката демократија што, според нив, е клучниот столб на долгорочната стабилност на земјата.

Advertisements

Од ДУИ велат дека со заминувањето на уште еден албански партнер од Владата политичкото мнозинство останува целосно без легитимитет кај Албанците и се претвора во моноетничка влада.

„На ова предупредувавме уште од самиот почеток на создавањето на ова парламентарно мнозинство, затоа што беше создадено на премисите на една монструозна амбиција – да се дисциплинира цел еден конститутивен народ и, според нивните зборови ’да им се покаже местото’ на Албанците“, се вели во денешното соопштение од ДУИ.

Според нив, загрижувачки е тоа што премиерот наместо да ги увиди сопствените промашувања, тој најавува уште, како што велат, поцврста и поагресивна политичка хајка за да оствари континуитет на оваа моноетничка влада.

Од ДУИ додаваат дека премиерот наместо да ја прифати реалноста дека народот бара предвремени избори, на терен веќе се демонстрира арогантна агресивност преку активности на уцени, подметнувања и поткуп.

„На јавна сцена владини функционери упатуваат закани дека ’ќе ги стигне правдата’ оние кои го критикуваат премиерот, додека во заднина се води непристојна уцена кон пратеници, функционери и административци – Албанци, Турци, и други претставници на немнозинските етнички заедници, за да се обезбеди барем привид за некаква мултиетничка поддршка на Владата“, додаваат од ДУИ во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button