ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ спремна да зборува за една изборна единица

Конечно, ДУИ се изјасни дека е подготвена да разговара и да го прифати моделот со една изборна единица, откако подолго време оваа партија заговараше да остане сегашниот модел и беше главен противник на промената на изборниот модел. Од партијата велат дека сами ќе го дадат овој предлог во работната група за измени во изборниот законик.

Advertisements

„Можеме да зборуваме за една изборна единица, но со компромис, се разбира, логично е да има и изборен праг од 5% и отворени листи за пратеници. Сметаме дека со ова придонесуваме за зголемување и подобрување на квалитетот на застапеноста во Собранието, но придонесуваме и за обезбедување политичка стабилност во Собранието. Ова ќе го предложиме на работната група. ДУИ ќе го предложи ова за расправа“, рече Арбер Адеми, координатор на пратеничката група на ДУИ.

Потпретседателот на ДУИ, Адеми, вели дека измените мора да бидат одобрени со консензус. За сите измени за кои ќе има договор, Адеми вели дека мора да се спроведат навремено, во согласност со препораките на ОДИХР.

„Препорачливо е предлогот да се усвои најмалку шест месеци пред денот на изборите. Избравме и претседател на работната група. Очекувам дека ќе имаме интензивни и квалитативни дискусии за да може овие рокови да се исполнат и да се почитуваат“, додава Адеми.

За првпат работната група што ќе го крои новиот Изборен законик се состана минатата среда. Претседателот на работната група, Александар Новаковски, рече дека приоритет е спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР за изборниот законик и дека паралелно ќе се работи на нов изборен законик, или евентуално промена на изборниот модел. Политичките партии не се противат на спроведувањето на препораките на ОБСЕ-ОДИХР. За препораките не се противат ниту од ВМРО-ДПМНЕ, која во моментов одбива да биде дел од оваа работна група. Сепак, партиите честопати имаа различни позиции во врска со изборниот модел, односно бројот на изборните единици. И додека СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и помалите партии во коалицијата сега имаат ист став, изјавувајќи дека се отворени да зборуваат за моделот за една изборна единица, Алијансата за Албанците и Беса имаат различни позиции. Алијанса бара осум, а Беса три изборни единици.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button