ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ: ВМРО да ја повлече иницијативата пред Уставен за Законот за јазици

Меѓуетничките теми повторно беа главни на седницата за пратенички прашања. Европскиот фронт побара од ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали ќе ја повлече иницијативата до Уставниот суд за законот за употреба на јазиците и побара појаснување од премиерот за неговите ставови за законот. Мицкоски повтори дека целта на ДУИ е со поларизација да се заштити од одговорноста за корупција.

Advertisements

„Имате ли волја, подготвеност да ја повлечете оваа иницијатива каде што го оспорувате законот за употреба на јазиците во однос на сите Албанци, зашто освен 10-15 луѓе кои се сместени во фотелјите на владиниот кабинет, нема Албанец кој се согласува со укинување на која било запирка, а не на кој било член?“, вели Блерим Беџети, Европски фронт.

До каде е процедурата за новиот закон за правична застапеност во институциите, прашаа исто од  Европскиот фронт.

„Бидејќи предизборната програма на вашиот најголем коалиционен партнер беше смена на балансерот и тоа беше спроведено преку уставен суд, каков е вашиот став? Тоа го изјавија и вашите колеги од истиот владин кабинет најдоцна до крајот на годинава. Сега некој од министрите се потсмева со албанското мислење?“, вели Беџети.

Минчев рече дека новиот закон треба да го донесат експерти, а не претставници на политичките партии. Тој повтори дека законот прво ќе биде испратен на евалуација до Венецијанската комисија.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button