
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, признава дека ДУИ е во коалиција со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, дури не криејќи ја амбицијата да добие повеќе раководни позиции во главниот град.
„Секако, немаме ограничена соработка, влеговме во овој мандат да соработуваме. Ќе седнеме заедно со градоначалникот на Сарај, со градоначалничката на Град Скопје и каде што мислиме дека ќе имаме кадровски капацитет ќе бараме други места“, Висар Ганиу, градоначалник на Чаир.
ДУИ веднаш прифати да земе од колачот што Арсовска го понуди по распадот на коалицијата со ВМРО и Алијанса за Албанците.
„Сме имале порано дури и кога бевме класичен противник“, рече тој.
Добрите односи и коалицијата се две различни работи. Дали имате коалиција?
„Со г-ѓа Арсовска да. Секако дека и претседателот на партијата знаеше за тоа“, додаде Висар Ганиу – градоначалник на општина Чаир.
Но, Арсовска, со која Ганиу вели дека е во коалиција, има коалиција и со Левица на Апасиев. Од Град Скопје велат дека поставувањето директори од редовите на ДУИ не значи и коалиција.
„Сите извршни директори ги именува градоначалникот на Град Скопје согласно овластувањата кои произлегуваат од законот. Нема коалиции“, велат од Град Скопје.
Поради оваа причина, аналитичарот Арсим Синани во емисијата „Патот кон“ рече дека ДУИ во Град Скопје во коалиција влегла без принципи.
„Сите зборуваат за Левица и сите соработуваат со Левица. Вклучувајќи ја и ДУИ, која сега е во коалиција во Град Скопје, ако не се лажам, со Левица, а од друга страна за ова ја обвинуваат опозицијата. Слушајте, овие калкулации, излегувањето на Алијанса, од кои причини излезе, да речеме излезе од некои принципиелни причини. Но, од друга страна, принципиелниот излез, непринципиелното влегување на ДУИ, бидејќи ДУИ ги прекрши принципите. ДУИ ќе беше поискрена да испровоцираше избори во Град Скопје, да ги измериме силите, да видиме до каде сме. Но, ДУИ секогаш игра, со еден дел се во опозиција, со другиот дел се таму“, рече Арсим Синани – аналитичар.
Градоначалничката Арсовска за директор на претпријатието „Паркови и зеленило“ го именуваше Зухејр Реџепи од Сарај, додека за директор на „Улица и патишта“ Саид Саиди од Чаир. Неодамна Арсовска назначи и кадар на ДУИ за директор на средното економско училиште „Арсени Јовков“./Alsat.mk
Адријан Керими