ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДУИ во Собранието го обвини премиерот Мицкоски за антиалбанска платформа

Законот за употреба на јазиците беше една од пожешките теми и на седницата за пратенички прашања во Собранието. Пратеничката на Европскиот фронт Арбана Пашоли, го праша премиерот Мицкоски дали целиот закон се оспорува во Уставниот суд. Пашоли го обвини дека има платформа против Албанците.

Advertisements

„Дали официјалната употреба на албанскиот јазик е загрозена или не? Кажете ни дали сеуште стоите на ставот дека оваа иницијатива не ја загрозува службената употреба на албанскиот јазик, иако е уставна категорија, иако слободно можеме да констатираме дека голем дел од вашите министри, дури и без укинување на овој закон, не го користат албанскиот јазик, иако се обврзани тоа да го сторат со закон? И можете ли да ни кажете како ги убедивте вашите помали партнери, од кои никој од нив не е присутен овде во салата, во коалиција без легитимитет, дека оваа иницијатива е добра?“, рече Пашоли.

Ова не е платформа против албанците. Ова е платформа против политичките профитери и криминалци, рече премиерот како одговор на пратеничката. Според него, ова е причината за нервозниот пристап на ДУИ посочувајќи им на партиските функционери на Ахмети, да ги свртат очите кон партиските лидери и да ги прашаат како го направиле своето богатство преку ноќ.

Пратениците разговараа и за изградбата на коридорите 8 и судиите, за зголемување на платите и други теми.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button