МАКЕДОНИЈА

ДУИ: „Вреди“ ги нарекува албанските администратори мувлосани

Од ДУИ денеска реагираа на вчерашното соопштение на ВЛЕН, кое се однесуваше кон службениците на ДУИ во институциите. Опозициската ДУИ го оцени како скандалозно, велејќи дека ВЛЕН ги навредува албанските службеници.

Advertisements

„ДУИ е шокирана од секојдневните навреди на вазалите од Влен, губитниците на претседателските и парламентарните избори, кон албанските службеници во државните органи, нарекувајќи ги мувлосани. Порано Таравари ги нарекуваше носачи на бурек на Македонците, а денес секој албански службеник е мувлосан“, велат од ДУИ.

Обвинувајќи го ВЛЕН, ДУИ си дава автогол таргетирајќи го партнерот во Европскиот фронт, Зијадин Села, кој години наназад велеше дека вицепремиерската позиција за бурек на никој не му одговара повеќе од ДУИ.

„Му дадов предлог на премиерот да назначи вицепремиер за да им носи бурек на министрите, а тој вицепремиер со задоволство ќе им го дадам на ДУИ затоа што знаат да ја работат оваа работа“, рече Села.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button