ДУИ за Уставен суд: Нема да сме одговорни за она што ќе следи
ДУИ за Уставен суд: Нема да сме одговорни за она што ќе следи

Во пресрет на седницата на Уставниот суд на која треба да се разгледуваат оспорените одредби за законот за јазиците, од ДУИ велат дека секој обид за укинување на која било одредба претставува директен напад на стабилноста и мирот. Оваа постапка на уставен ДУИ ја оценува како закана
„Доколку Уставниот суд одлучи да ги поништи достигнувањата на Охридскиот договор, последиците ќе бидат ненадоместливи, а ние не можеме да одговараме за она што може да следи. Ги повикуваме граѓаните, политичките лидери и меѓународната заедница веднаш да дејствуваат за да се спречи овој чин кој ја загрозува стабилноста на земјата и регионот. Албанците и сите заедници кои веруваат во правда и еднаквост не можат да молчат пред оваа закана“, велат од ДУИ.
Но, за вицепремиерот Изет Меџити, барем ДУИ нема право да се жали за оспорување на законот. Тоа е затоа што, како што вели, тие биле оние кои го оставиле законот на половина и ја донеле оваа состојба.
Премиерот Мицкоски вели дека нема никаква опасност по безбедноста на државата, без разлика на каква било одлука на Уставен.
Уставен суд има можност и да го испрати законот до Собрание, кое во рок од 6 месеци мора да го усогласи со Уставот. Новото решение мора да се донесе со бадентерово мнозинство./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу