Дуковска: Граѓаните во некои случаи плаќаат двојно, поради немање соодветни извори на енергија
Дуковска: Граѓаните во некои случаи плаќаат двојно, поради немање соодветни извори на енергија

Билјана Дуковска од Платформа против сиромаштија, оценува дека граѓаните плаќаат многу повеќе отколку што треба за енергетски ресурси. Овие коментари таа ги даде вечерва во Програмата 200, во Алсат М.
„Народната мудрост се покажа и овој пат, точно е дека сиромашните плаќаат двапати, пример што граѓаните многу јасно да го видат, цената на дрвата на почетокот на годината беше некаде околу 50 евра. Сега се работи за повеќе од 60 евра, тие што немале пари да купат дрва навреме, сега плаќаат двојно, тие што чекале некако да се најдат, има многу примери каде поради неефикасноста на опремата поради несодветна инсталација и поради лошиот пристап до соодветни извори на енергија, всушност плаќаат се повеќе и во некои случаи двојно“, изјави Билјана Дуковска од Платформата против сиромаштија./Alsat.mk