Дури 66 општини со помалку жители отколку во 2002 година

Бројот на Албанците е значително намален во многу општини со мнозинско албанско население. Пописот од септември минатата година покажува драстично намалување на бројот на жители во општина Гостивар. Гостивар во споредба со 2002 година има над 20 илјади жители помалку. Бројот на Албанци од 2002 година е помал за над 20 илјади.
Во општина Кичево се регистрирани над 17 илјади жители помалку од 2002 година. Во оваа општина се регистрирани 16 илјади Албанци помалку од 2002 година. Струга има над 12 илјади регистрирани жители помалку. 5 илјади Македонци помалку и 9 илјади Албанци помалку се регистрирани во општина Струга. Во Битола регистрирани се 15 илјади помалку од 2002 година.
Попис на населението:
2002-2021 разлика:
Гостивар: 81.042 59.770 21.272
Кичево: 56.739 39.669 17.070
Струга: 63.376 50.980 12.396
Битола: 95.385 85.164 10.221
Процентот на Албанци за прв пат на овој попис надмина 20 отсто во општина Гази Баба. Регистрирани се вкупно 64,9% Македонци и 20,3% Албанци. Уставот предвидува примена на албанскиот јазик во општините каде што го зборуваат над 20% од населението.
Амандман 7, Устав на Република Северна Македонија
„Во единиците на локалната самоуправа, јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употреба на јазикот и писмото што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во единицата на локалната самоуправа одлучуваат органите на единицата на локалната самоуправа“.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека овој член од Уставот треба да се почитува во општина Гази Баба.
„Уставот е јасен. Тоа е највисок правен акт во државата и треба да се почитува. Нема друго решение“, рече Ахмети.
Зголемен е бројот на Албанци во општина Чашка. Од 35% во 2002 година, Албанците сега сочинуваат 50% од населението во оваа општина.
Во меѓувреме, Партијата за движење на Турците оценува дека во општините Карбиници, Конче и Василево треба да се официјализира турскиот јазик бидејќи над 20 отсто од жителите се изјасниле како Турци.
„ПДТ очекува подобрување на правичната и соодветна застапеност на турската заедница, отворање на паралелки на турски мајчин јазик во повеќе области“, наведоа од Партија за движење на Турците.
Вкупно, 66 општини низ државата имаат помалку жители од 2002 година. Само 14 општини имаат повеќе жители од пред 20 години.
Резултатите од пописот објавени вчера покажаа дека вкупното население е 2 милиони 97 илјади 319. Бројот на резидентно население е 1 милион 836 илјади 713. Во Дијаспората се регистрирани над 260 илјади луѓе.
Фатлуме Дервиши