ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дури и по 20 години ветувања, границата Лојанe-Миратовце останува неотворена

„Во Лојане сме, а овој пат не само што поврзува две села, Лојане и Миратовце, туку поврзува и две држави, Македонија и Србија. Над 20 години се ветува отворање на административен премин за овие две албански села. Северна Македонија ги заврши сите постапки, но српските власти, и покрај тоа што го ратификуваа договорот во Собранието, не го спроведуваат“, вели репортерот на Алсат.

Advertisements

Жителите велат дека се разочарани од сите власти кои не презеле ништо за отворање на овој граничен премин.

„Има потреба за сите жители на селото. Да има сообраќај, за внуците, внуките, таму имаме семејство. Вујко ми е во Прешево….0диме одоколу, од Табановце…

„Границата е затворена од 1993 година и не е отворена. Потребата е голема, но мора да одиме одоколу до Табановце за да одиме во Прешево…

„Голем проблем, границата требаше да се отвори, секоја партија што ќе дојде на власт ни ветува дека ќе се отвори, а нема ништо досега. Имам семејство таму, имам пријатели, сестра, чичковци, целото мое семејство е во Прешево“, велат жителите.

Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи, вели дека повикувајќи се на официјалните документи, Северна Македонија ги завршила сите процедури за отворање на граничниот премин со ограничено работно време. На најавата дека ќе има посета на делегација од Белград на Миратовце, Арифи вели дека не се информирани.

„Ние како општина Липково, како институција ги искористивме сите правни механизми, сите барања во различни институции координирани со МНР, општина Прешево и Бујановце и Владата на РСМ, со единствена цел да се реши еднаш засекогаш таа вековна неправда направена кон Албанците, жителите на нашата општина и општина Прешево“; вели Арифи.

Отворањето на границата за постигнатиот договор меѓу двете земји почна да се реализира со ратификацијата од српскиот парламент во 2020 година. И покрај фактот дека договорот беше ратификуван, беа излезени на терен, беше утврдено каде да се стават премините и моделот на функционирање, српската страна подоцна изјави дека ратификацијата не подразбира итно отворање и постапката ќе започне кога ќе се утврди дека е потребно. Властите во Република Северна Македонија, неколкупати изјавија дека се подготвени утре да ја отворат границата, а и Србија исто така изразува волја за ова.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button