ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Дурмиши: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите откако се укинаа мерките кои важеа до крајот на април, рече денес министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој денес кажа дека официјалните податоци за изминатиот период додека беа замрзнати маржите покажуваат намалување на инфлацијата.

Advertisements

„Официјалните податоци покажуваат дека инфлацијата за април е практично нула. Во споредба со март има покачување од 0,6 %. Во споредба со април минатата година инфлацијата е 2,6 % што значи дека не надминува 3 % и е во стабилна фаза. Цените на храната се речиси непроменети, само 0.3% годишно зголемување и мора да потенцирам дека ако го споредиме месецот април со месец декември 2024 година имаме дефлација од 1,35 %. Значи имаме намалување на инфлацијата“, рече министерот Дурмиши.

Овој месец Државниот пазарен инспекторат ќе прави и редовни и вонредни контроли на цените и кај трговците и кај дистрибутерите и кај производителите и ќе подготви извештај врз основа на кој ќе се димензионираат нови, поригорозни мерки доколку се утврди дека покачените цени немаат економска оправданост.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button