ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Дурмиши: Доколку не се намалат цените на основните производи кои не се во Новогодишната кошница, ќе ги ограничиме нивните маржи и цени

Доколку трговците не покажат поголема општествена одговорност и не ги намалат цените на основните производи кои не се во Новогодишната кошница ќе донесеме поригорозни мерки како ограничување на нивните маржи и цени, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Advertisements

Како што истакна на денешната прес – конференција, екипите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се на терен и прават анализи како се движеле цените во изминатите три месеци. За два до три дена ќе завршат анализите по што ќе се знае дали ќе се донесат поригорозни мерки со одлука на Владата.

Дурмиши ги повика трговците да ги коригираат цените на најпотребните производи во овој период на празници и најави дека доколку не го направат тоа Владата пред Нова година ќе ја донесе одлуката за воведување поригорозни мерки.

-Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го надоместуваат со драматично зголемување на цените на некои други производи кои што ги користат граѓаните како што е маслото, лебот, млекото, млечни производи, шеќер, сол, кафе, јајца и слично. Апелирам до големите трговски синџири да си го преиспитаат однесувањето во спротивно ќе ги искористам сите механизми кои ги имаме и ќе донесеме одлука со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните, рече Дурмиши.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button