ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дурмиши им порача на трговците дека во секој момент може да се замрзант цените доколку повтрорно ги покачат цените

Дурмиши им порача на трговците дека во секој момент може да се замрзант цените доколку повтрорно ги покачат цените

Забелешките на владата до трговците за зголемување на цените на некои прехранбени производи се чини дека вродија со плод. Министерот за економија Бесар Дурмиши, рече дека на полиците на одредени маркети веќе има намалувања, а новогодишната кошница е збогатена со 50 дополнителни производи.

Advertisements

БЕСАР ДУРМИШИ, МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА
„Според информациите од Државниот пазарен инспекторат, цените на дел од основните прехранбени производи кои претходно беа зголемени, исто така, се намалија во некои маркети до 20-25%. Дел од маркетите веќе објавија нови летоци со намалени цени за производи како јајца, масло за готвење, некои преработени месни производи, свежо месо, млеко, путер, грав и други дополнителни производи. Во исто време, над 50 нови производи беа додадени во новогодишната кошница за само еден ден, достигнувајќи вкупно околу 1.180 артикли“, Бесар Дурмиши, министер за економија.

Дурмиши ги потсети трговците дека веќе постои одлука за замрзнување на цените ако продолжат со манипулациите. Премиерот Христијан Мицкоски повтори дека Владата нема да дозволи драстично зголемување на цените на прехранбените производи за време на празниците и потоа.

Граѓаните постојано ги алармираа за манипулации во продавниците, жалејќи се на секојдневното зголемување на цените. Но, и покрај тоа, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија вчера соопшти дека немало прекршувања и манипулации од страна на трговците и производителите./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button