ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Дурмиши, Меџити, Ганиу и Сали ќе ја посетат Старата скопска чаршија
Дурмиши, Меџити, Ганиу и Сали ќе ја посетат Старата скопска чаршија
Министерот за екoномија и труд Бесар Дурмиши, првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, пратеникот Беким Сали и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска ќе ја посетат Старата скопска чаршија и ќе остварат средба со занаетчиите кои работат во Чаршијата.
Дурмиши, како што е најавено, ќе ги информира занаетчиите за јавниот повик за поддршка на занаетчиството кој беше објавен од страна на Министерството за економија и труд.