ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дурмиши: Полицијата во Тетово,врши притисок врз компанијата за собирање смет

Дурмиши: Полицијата во Тетово,врши притисок врз компанијата за собирање смет

Општина Тетово се пожали на притисок од тетовската полиција врз компанијата за хигиена „Заубермахер“. Првиот човек на Советот на општина Тетово, Бесар Дурмиши, рече дека овој притисок, кој според него има политичка заднина, се прави само два дена пред празникот Бајрам, за да не може соодветното претпријатие да го собере отпадот. Но, СВР Тетово ги отфрли обвинувањата на Дурмиши. Од полицијата велат дека се работи за контроли поврзани со пропусти и неправилности во сообраќајот против сите прекршители кои според планот на МВР се спроведуваат низ целата држава и во ниту еден случај тоа не е направено посебно во едно СВР или за кое било правно лице или компанија.

„И порано полицијата не саботираше на разни начини со одбивање на секое барање на општината. Замислете, камионите на оваа компанија за само 20 дена трипати биле испратени на технички преглед, додека возилата на другите државни претпријатија и институции воопшто не биле испратени на преглед, што докажува дека акцијата се одвива од политички причини и за оштетенување на Тетово“, рече Бесар Дурмиши, претседател на Советот на општината.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button