ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Дурмиши вели дека граѓаните се задоволни од новогодишната кошничка

Дурмиши вели дека граѓаните се задоволни од новогодишната кошничка

Додека граѓаните постојано се жалат на поскапување на прехранбените производи, министерот за економија Бесар Дурмиши за Радио Слободна Европа го вели спротивното. Според него, мерката „новогодишна кошничка“ ги намалила цените на многу производи, а граѓаните се задоволни.

Advertisements

„Од анализите што ги правиме, Државниот пазарен инспекторат е секој ден на терен, гледаме дали се почитуваат мерките кои ги понудиле самите производители, дистрибутери и трговци. Се виде дека се почитуваат и применуваат, првите денови гледаме дека граѓаните се задоволни од оваа мерка која беше иницијатива на трговците“, рече Бесар Дурмиши, министер за економија.

Од друга страна, СДСМ обвинува дека кошничката е измама на премиерот Христијан Мицкоски. Според опозицијата, пред стапувањето во сила на мерката, трговците ги зголемиле цените.

Ристова потсети дека СДСМ веќе понудилла конкретен предлог, отстранување на ДДВ за основните прехранбени производи. Со оваа мерка цените навистина ќе се намалат без да се остави простор за манипулации од страна на трговците. Во меѓувреме, Владата пресмета дека потрошувачката кошничка од септември донела заштеда од 1300 денари по семејство./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button