
Струга Трим Лум и во вториот меч од пролетниот дел не успеа да победи. По ремито на гости кај Работнички, во супер – дербито, во фантастичен меч, шампионот одигра 2:2 против Шкупи.
“Жалам што не победивме, според мене требаше да биде 2:0 за нас. Ама, ете, поради грешките во одбраната ова дерби заврши без победник 2:2. Доминиравме во сите аспекти, инаку јас имам резерва за тоа дека имаше и втор пенал за нас кој сепак не беше досуден од страна на судијата по стартот на гостинскиот голман врз Ибраими. Сепак одлуката на судијата беше поинаква“ посочи Дуро.