СПОРТФУДБАЛ

Дуро: Mечот в недела ќе биде навистина интересен

Фудбалерите на Струга Трим Љум се мачеа во првиот дел, ама потоа убедливо го победија Вардар со 4-0 во заостанатиот натпревар од петтата рунда на ПМФЛ. Задоволен од прикажаното беше тренерот Шпетим Дуро. Тренерот на стружани го анализира мечот, а зборуваше малку и за играчкиот кадар, како и предизвикот кој следи.

Advertisements

„Заслужена победа и покрај фактот дека не погодивме во првото полувреме. Промашивме неколку добри шанси и тоа ме увери дека ќе дадеме гол. Тимот одработе добро во првиот дел, а по првиот постигнат погодок сè беше во наша контрола. Имаме многу млади играчи кои ги приклучивме на тимот. Тука е тројката Таири, Георгиевски и Камбери, кои се тука да го надополнат тимот кога е потребно. Имаме доста алтернативи и во нападот како Басиру Компаоре. Тој пристигна доцна, па полека го приклучуваме во тимот. Ибраими, Радески и Јаровиќ се базата на тимот, тие се фудбалери кои решаваат сè.

Викендов ни претстои натпреварот со Шкендија. Заедно со Шкупи, тие ни се најголеми конкуренти. Верувам дека мечот в недела ќе биде навистина интересен“, изјави Дуро.

 

В недела Струга ќе ја дочека Шкендија во едно од дербијата на колото во ПМФЛ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button