ВЕСТИСВЕТ

ДВ: Шолц е за мировна конференција со Украина и Русија

Канцеларот Олаф Шолц не сака да бара гласање за доверба во Бундестагот, ниту сака да иницира предвремени избори на сојузно ниво, пренесува Дојче Веле.

Advertisements

Тој оценува дека формирањето влада во Германија во догледна иднина ќе биде поврзано со потешкотии.

„Ако можам да ја споделам мојата болка со вас: стравувам дека, без разлика на тоа како ќе биде сè во претстојните години, во Германија ќе имаме многу многу години со констелации во кои ќе биде многу комплицирано да се формира влада“, рече Шолц, кој смета дека тоа ќе се гледа како на покраинско, така и на сојузно ниво.

На прашањето за руската агресија против Украина, Шолц инсистираше на тоа дека треба да се вложат поинтензивни напори од претходно за да се дојде до мировни решенија во војната.

„Мислам дека сега е моментот кога треба да разговараме како да излеземе од оваа воена ситуација и да постигнеме мир побрзо отколку што се чини во моментов“, рече политичарот на СПД.

„Важно е да постигнеме напредок во врска со ова, дефинитивно ќе има уште една мировна конференција“, нагласува канцеларот. Тој водел многу доверлив разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Двајцата се согласиле дека Русија исто така мора да учествува на следната мировна конференција.

Извор: Дојче Веле

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button