ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Два активни пожара во Кичевско и еден во Македонски Брод

Два активни пожари има во Кичевско и еден во Македонски Брод, известува Регионалниот центар за управување со кризи Охрид.

Advertisements

Пожарот што избувнал на 30 октомври во 13 часот во близина на Тајмиште во општина Кичево е сè уште активен. Во гасењето на пожарот вчера интервенирале четири лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“.

Според последните информации, пожарот се движи во правец на селото Колари, но сè уште е далеку од населеното место.

Сè уште е активен и пожарот над кичевското село Бачишта, кој почна на 30 октомври во 20:30 часот. Според РЦУК Охрид, со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и ниска вегетација.

Во гасењето на пожарот интервенирале ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ и доброволци од месното население од селото Бачишта.

– Според последните информации, пожарот се движи по ливади кон хидроцентралите и реката и е во непосредна близина на Бачило. Од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ известуваат дека пожарот се шири во правец на реката што делумно ќе го спречи гаснењето на пожарот, информира РЦУК Охрид.

Пожарот што избувна на 30 октомври во 10 часот во атар на село Ореовец, во место викано Присој во Македонски Брод, исто така, сè уште е активен и е префрлен во атарот на селото Русјаци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button