Два дена по полициската акција во Куманово и Скопје каде беа уапсени десет лица, министерот Оливер Спасовски дава детали

Mefail Ismaili
Во полициската акција во Куманово и Скопје, при што беа уапсени десет лица, запленета е дрога, други наркотици и девизи. Министерот за внатрешни работи Спасовски рече дека меѓу уапсените има тројца полицајци и пет цариници. Тој рече дека на акцијата и претходела деветмесечна истрага. Веќе уапсената група, според Спасовски, добила пратка од Египет до скопскиот аеродром со над 1 милион таблети ефедрин, вредни над 100.000 долари. Од аеродромот со комбе биле испратени во Куманово.
Спасовски рече дека акцијата се уште не е завршена и ќе се прошири. Тој рече и дека дел од овие истраги е и акција на косовската полиција во Жегра во Гњилане каде на 2 ноември во комбе биле пронајдени 190 килограми разни лекови во форма на таблети. На сите уапсени во акцијата од пред два дена судот им одреди мерка притвор од 30 дена.