ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Два дена по ред, Обвинителството известува за случаи на родово засновани напади врз деца

Два дена по ред, Обвинителството известува за случаи на родово засновани напади врз деца

Дваесет и двегодишен маж од Гостивар со иницијали Б.М. заврши во притвор откако присилил 13-годишно малолетно девојче на сексуални односи со кое претходно се запознал на социјалните мрежи. Инцидентот во полиција го пријавила мајката на жртвата. Осомничениот се товари за кривично дело кое според Кривичниот законик се казнува со најмалку 8 години затвор.

Advertisements

„Со жртвата се запознал преку апликацијата Snap Chat и почнале да контактираат и да се гледаат. Кога девојчето повеќе не сакало да се гледа со него, осомничениот извршил притисок врз неа и критичниот ден ја принудил да ги напушти пријателите и да влезе во возилото. Потоа ѝ го земал мобилниот телефон, ја присилил да има однос против нејзина волја, заканувајќи ѝ се да не кажува никому“, велат од Основно јавно обвинителство.

Во меѓувреме, во раните утрински часови на 3 јануари, 23-годишник со иницијали Б.Н. од село Желино е уапсен под сомнение дека извршил полово дејствије врз 11-годишно момче. Случајот го пријавил таткото на жртвата кој изјавил дека осомничениот се обидел да има полов однос со неговиот син. Обвинителството соопшти дека на осомничениот му е одреден 30-дневен притвор. Делото за кое е обвинет осомничениот предвидува затворски казни од најмалку 10 години.

„Осомничениот, во вечерните часови, го зел 11-годишното дете и насилно го однел во зграда во изградба во близина на неговата куќа во Желино, а пред него почнал да врши и други полови дејствија. Детето викало за помош, но осомничениот не го пуштал, се додека таткото на детето не ги слушнал повиците и отишол кон нив, по што осомничениот избегал. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за изрекување на мерката притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот на Обвинителството и ја одобри одлуката со кое му беше одреден притвор во траење од 30 дена“, велат од Основно јавно обвинителство.

Кривичните дела за полов напад врз деца помлади од 14 години се многу сериозни, за што казните се движат од 8 до над 10 години затвор, во зависност од случајот и околностите.

Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи, од 2010 до 2023 година, евидентирани се вкупно 523 случаи на полов напад врз деца под 14 години. Годината со најголем број на регистрирани случаи е 2010 година со 60, додека имало најмалку во 2022 година, односно 25. Во 2023 година евидентирани се вкупно 34 случаи. Феноменот е многу загрижувачки, имајќи предвид дека овие бројки се само официјални податоци за презентираните случаи. Сепак, не може да се знае колку случаи не се пријавуваат, особено ако се има предвид дека жртви на овој деликт се малолетни деца кои може да бидат под влијание на страв и закана.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button