ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Два дена по скандалот на Стоилковиќ – церемонија со раздорни меѓуетнички пораки

Постапките на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, честопати се спротивни на меѓуетничкиот соживот и тој  никогаш не ја крие својата блискост со српските политичари и руските кругови. Во мај минатата година, Стоилковиќ присуствуваше на 11-тиот Московски безбедносен самит во друштво на српскиот директор на БИА Александар Вулин, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ и претседателот на Република Српска Милорад Додик. На фотографијата која беше објавена се гледаше и шефот на Тајната служба на Руската Федерација, Сергеј Нарушкин. Стоилковиќ е познат и по тоа што е близок пријател на поранешниот српски агент, Горан Живаљевиќ, кој на 27 април 2017 година влезе во Собранието за време на насилствата, по што се повлече од српската БИА.

Advertisements

Геноцидот во Сребреница во објава на својот профил на социјалните мрежи го нарече „Некрофилен Дизниленд“, во периодот кога беше пратеник во Собранието.

„Некрофилниот Дизниленд„ Сребреница“… Фактот дека Али, Бујар и Артан собраа храброст да го подигнат нивото на непријателство кон Србија и српскиот народ на највисоко ниво спротивно на волјата на македонскиот народ јасно говори за тоа колку ниско падна Македонија и нејзината државност“.

Двата бошњачки ентитети, Бошњачкиот демократски сојуз и здружението Бошњачки национален совет, поднесоа кривични пријави против него за негирање и исмејување на геноцидот во Сребреница.

Стоилковиќ им оддаде почит на српските терористи кои беа убиени во Бањска, Звечане, од страна на косовските полицајци.

Вечна слава на српскиот народ кој и покрај невидениот терор опстојува во српската колевка и не ги напушта своите вековни домови пред лицето на Куртиевите диви ѕверови и меѓународните змејови. Слава на Србите од Косово кои ги дадоа своите животи во одбрана на своите домови и родна земја од растечкото угнетување и тиранија од страна на властите на албанскиот окупациски режим и почивај во мир албански полицаец.”

Во неговите постови Косово го ословува како Косово и Метохија, што потоа се преслика и на официјалната веб-страница на министерството. Тој беше единствениот кој одби да учествува на заедничкиот владин состанок Косово-Македонија.

Алсат веќе објави дека и покрај законската обврска недостигаше двојазичност на официјалната веб-страница на Министерството за односи со заедниците.

Премиерот Христијан Мицкоски, при објавувањето на имињата на неговиот кабинет во јуни, одговорајќи на загриженоста кај дел од јавноста за негово именување, рече дека верува во љубовта на Иван Стоилковиќ кон татковината Северна Македонија.

Стоилковиќ, пак стана вест последните два дена, со организирањето на церемонијата за одбележување на „Свети Сава“. Посетата на претседателот на Република Српска Милорад Додик на свеченоста во Македонскиот народен театар предизвика бројни реакции по пренесувањето на анти-НАТО и анти-ЕУ пораките. Додик, е  на американската „црна листа“ поради корумпираните и дестабилизирачки активности во регионот,   познат е и како фанатичен поддржувач на официјалната политика на Кремљ. Тој рече дека „Српскиот народ, кој се обидуваат да го етикетираат од минатата граѓанска војна во Босна и Херцеговина, нема извалкани раце. Тие лажат кога зборуваат за геноцид, тоа се лаги на американската администрација, која и денес не ни дозволува да живееме слободно “, рече Додик, испраќајќи пофалби до Русија, и нагласувајќи ја отворено анти НАТО политиката .Од говорот на Додик се огради премиерот Мицкоски. „Во однос на изјавите против НАТО, категорично ги отфрлам и не се согласувам. Не очекував да го злоупотреби настанот “, рече премиерот Христијан Мицкоски. На настанот присуствуваше и рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин, како специјален гостин на академијата во организација на Стоилковиќ.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button