Два словенечки и по еден турски, српски и црногорски хелихоптер од утрово ги гасат пожарите

Кон пожарот на планината Серта во неготинскиот дел кај селото Калањево испраќаме четири хелихоптери, двата наши армиски и еден полициски, а ќе им се придружи и еден црногорски хелихоптер. На територијата на Општина Гевгелија над селото Негорци ипраќаме два словенечки хелихоптери, додека во Општина Ново Село на планинатат Ограждеен испрачаме еден голем турски и еден голем српски хелихоптер, што носи пет тона вода.
Ова утрово го соопшти Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, кој преку видео-обраќање соопшти како во текот на денот ќе се одвива акцијата за гасење на пожарите, посочувајќи дека очекува да се воспостави контрола врз големиот пожар што со денови гори на планината Сертa.
„Ќе полетаат и сите „ертрактори“, три на ДЗС и два турски „ертрактори“ заедно со хрватскиот канадер кон планинатат Серта на територијата на Општина Штип позади селото Драгоево. На сите места каде ќе дејствуваат воздухопловите, на земја имаме противпожарни единици на кои им се придружуваат 100 војници од Армијата и 30-тина припадници на полицијата“, рече тој.