ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Два стана и автомобили од типот Фиат Брава и Лада – имотот на Беким Сали како член на Управен одбор

Министерот за здравство, Беким Сали, сѐ уште не го пријавил својот имот откако ја презеде функцијата министер за здравство, пред еден месец, дознава Алсат.

Advertisements

На веб-страницата за борба против корупцијата е наведена изјавата за неговиот имот од времето кога бил член на УО на Универзитетската клиника за токсикологија.

Според оваа изјава излегува дека Сали не поседува ништо лично и оти целото богатство што го ужива е на име на неговите родители.

Во оваа изјава што ја дал пред години, тој и неговото семејство поседуваат два стана, канцеларија, продавница и два автомобила, еден „Fiat Brava“ произведен во 1997 година и „Лада“ произведена во 1985 година.

Во продолжение ви го пренесуваме имотот на Сали пријавен во Антикорупциската комисија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button