ВЕСТИРЕГИОН

Два земјотреса на границата меѓу Албанија и Црна Гора

Граничната област меѓу Црна Гора и Албанија изутрината ја погодија два помали земјотреса. Јачината на првиот земјотрес во епицентарот беше 4,1 степени според Рихтеровата скала, а вториот, што беше почувствуван десет минути по првиот, беше 3,4 степени.

Иако епицентарот бил на албанската страна на границата, земјотресот бил силно почувствуван во Подгорица, на околу 20 километри од епицентарот, пренесуваат црногорски медиуми.

Црногорските сеизмолози соопштија дека земјотресите не можеле да предизвикаат материјална штета.

На крајот на ноември 2019 година, Албанија беше погодена од земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, кога загинаа 50 луѓе.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button