МАКЕДОНИЈА
Дваесет и две прекршувања на забраната за движење, 531 санкции за неносење маска

Дваесет и две лица не ја почитувале забраната за движење во перод од 22 часот на 24 март 2021 година до 05.00 часот утрово, информираат од Минстерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие (24/25.03.2021) пак, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 531 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.